Министерот за правда, Кренар Лога изрази сочуство на семејствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и жалење за големата трагедија во која безмилосно се одземени два живота.
„Денеска е тажен ден за Македонија. Потресени сме и шокирани од настанот. Доживотен затвор е најмалата казна која треба да им се изрече на монструмите од оваа трагедија. Верувам во МВР и во ЈО дека на крајот, судот ќе ја изрече соодветната казна и правдата ќе излезе на виделина“, рече Лога.
Во однос на смртната казна, министерот Лога посочи дека Уставот ја забранува а исто така имаме и усвоени протоколи и конвенции кои ја забрануваат смртната казна.
„Јас сум меѓу тие граѓани во оваа држава кои мислат дека смртната казан би била спас за тие монструми и сум на таа страна тие да ја доживуваат до крајот на својот живот во нивната свест за тоа што имаат направено и секој ден да ја доживуваат се потешко за овој настан. Доживотната казна затвор е најмала казмна што треба да ја изречат нашите институции“, изјави Лога.