48-часовен притвор за тројцата осомничени за киднапирањето и убиството на Вања

Се-трага-по-девојче-кое-исчезнало-на-пат-кон-училиште.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јаvно обвинителство, за определување мерка краткотраен притвор, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и П.Ж. од Велес, против три лица кои рано утрово беа спроведени во судот, донесе решнија со кои го прифати предлогот и на трите лица им определи мерка притвор од 48 часа, а зарди постоење на основите од чл. 165 став 1 точка 1,2 и 3 односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и страв дека ќе го повтори односно изврши ново кривично дело. Мерката краткотраен притвор, по предлог на надлежниот обвинител, може да се продолжи или замени со други мерки за обезбедување присуство.


Заради сензибилноста на настанот, разбирливиот јавниот интерес, но и пред истражната постапка која е сеуште во тек, како Кривичен суд апелираме за сите официјални информации поврзани со случајот, медиумите да се обратат до надлежниот Јавен обвинител.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK