Актуелниот шампион елиминиран од Дејвис купот

Актуелниот-шампион-елиминиран-од-Дејвис-купот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Канадскиот Дејвис куп тим пристигна во Малага со намера да ја одбрани титулата од Мадрид 2022 година, но први се спакуваа и веќе ја напуштија Шпанија.



Финска приреди уште едно изненадување, го искористи отсуството на двајцата најдобри Канаѓани Феликс Оже Алијасим и Дени Шаповалов и се пласираше во полуфиналето.

Финците на патот до полуфиналето покрај Канада ги елиминираа и Аргентина, Хрватска и САД.

Решавачкиот поен на Финците им го донесе двојката Хари Хелиовара/Ото Виртанен со победата 7:5, 6:3 над Алексис Галарно и Васек Поспишил.

Виртанен е херојот на Финска бидејќи во вториот меч и го донесе првиот поен на Финска со победата над Габриел Дијало. Бодот за Канада го освои Милош Раониќ, кој по пет години пауза повтороно настапи за националниот тим.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK