Нема закана за бебзедноста и стабилноста на нашата земја, се бориме против руското влијание во регионот, ние сме земја на НАТО и ве увреувам дека институциите си ја вршат својата работа, истакна премиерот Димитар Ковачевски нодговарајќи на новинарско прашање дали и колку се реални најавите дека Русија има план за дестабилизација на Балканот.
„Секако дека влијание на трети земји, влкучително и на руско влијание постои во регионот, и тие секогаш се во можност да пронајдат свои истомисленици во поединци во одредени политички партии и во одредени организации, но тие не се ниту на приближно ниво на она што го поседуваат нашите институции и што го поседуваат земјите членки на НАТО, за да бидат во можност да направат било какво дестабилизирање на нашата држава“, рече Ковачевски.
Генералниот скеретар на НАТО, Јенс Столтенбрег истакна дека НАТО не гледа некоја воена закана која би дошла од Русија против било кој сојузник на НАТО или на регионот.
„Но секако остануваме претпазливи и ќе останеме обединети“, порача тој.
„Внимаваме што се случува и сме подготвени да се засилиме, и се што е потребно за да го одбраниме секој сојузник од воена закана. Продолжуваме да ја повторуваме пораката кон Русија да се воздржат од агресивните дејства против соседите и да ја прекинат воената агресија кон Украина. Една од причините поради која Путин влезе во војна е да ја спречи Украина да влезе во НАТО, сакаше НАТО да гарантира дека нема да се шири, но тој го добива токму спротивното, а добива и нови членки Финска и Шведска, додаде Столтенберг.