Утрото студено, преку денот сончево и потопло

Утрото-студено-преку-денот-сончево-и-потопло.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утрото студено, преку денот сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.



Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во вторник по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во среда и во останатите делови ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.

Утринската температура ќе биде во пораст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK