Мартин победи во спринтот во Катар, Бањаја петти – Титулата ќе се решава во Валенсија

Мартин-победи-во-спринтот-во-Катар-Бањаја-петти-–-Титулата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, триумфираше на спринт трка што се одржа во рамките на Големата награда на Катар, претпоследна во Мото ГП шампионатот.


Шпанецот ја постигна осмата победа во спринт од почетокот на сезоната и значително ја намали разликата во однос на Франческо Бања во генералниот поредок. Актуелниот првак, Бањаја, спринтот го заврши на петтото место. Разликата меѓу претендентите за шампионската титуал сега е седум во корист на Италијанецот.

До крајот на сезоната ќе се вози Големата награда на Катар, односно спринт трката и главната трка во Валенсија.

Најблиску до Мартин, на патеката „Лосаил“ беше Фабио ди Џанантонио од Гресини, додека на третото скалило на подиумот се најде возачот на тимот ВР46, Лука Марини кој стартуваше од пол-позицијата.

Покрај одличното возење на Мартин и фактот дека титулата ќе се решава во Валенсија следната недела, спринтот во Катар го одбележа и инцидент во првиот круг. Иако не е јасно што точно се случи, она што се знае е дека трката по тој инцидент заврши за возачот на Дукати, Енеа Бастианини, Алеиш Еспаргаро на Априлија и Мигел Оливеира на РНФ Априлија.

Големата награда на Катар започнува во недела во 18 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK