KAMAi MEDIA го организира првиот Саем на Македонската креативност – Мегдан

saem5
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

KAMAi MEDIA го организира првиот Саем на Македонската креативност – Мегдан, на којшто ќе бидат презентирани модерни, мултидисциплинарни и комерцијални проекти од областа на креативната индустрија – видео игри, визуелизации, 3Д симулации и едукативен софтвер, изработени во Македонија а наменети за странскиот пазар. Првото издание на Мегдан ќе се одржи овој викенд, 18 и 19 ноември, во Културно информативниот центар во Битола (Офицерски дом, Битола). Саемот ќе биде отворен во сабота и недела, од 10 часот наутро, па се до 23 часот вечерта.

Идејата е да се презентираат големиот број креативни, оригинални проекти кои се работат во Македонија, најмногу за младите и не-толку-младите креативци во Македонија да можат да видат што сѐ се работи овде, дома. И да се уништи стереотипот дека од ‘уметност не се живее


 

Презентирани ќе бидат проектите:

  1. The Strange Story of Brian Fisher (mystery adventure за PC и конзоли)
  2. Виртуелна тура низ Хераклеја Линкестис ( визуелизација во Виртуелна Реалност за Oculus Quest)
  3. Angelic (multiplayer tactical turn-based RPG за PC)
  4. Skopje (first person open world shooter за PC)
  5. Wolfsbane (multiplayer social game за PC)
  6. Raining Blobs (arcade puzzle game за PC)
  7. Sonder (adventure game за PC)
  8. Airport Briefing (професионална апликација за авио компании и пилот)

Покрај овие проекти, посетителите ќе можат на лице место да ја пробаат „собата за бекство“ (Escape Room) посветена на играта “The Strange Story Of Brian Fisher” (проект во развој на KAMAi MEDIA и Intetic), а ќе се одржи и инженерска работилница за деца, со Лего коцки.

На саемот на Македонската креативност „МЕГДАН“ што наскоро ќе се одржи во Битола ќе можете да ја пробате „собата за бекство“ (ESCAPE ROOM) посветена на играта “The Strange Story Of Brian Fisher” што се развива од KAMAi MEDIA и Intetic. 

Собата за бекство е простор од 16 квадратни метри, изградена во реалноста – а стилизирана да изгледа како простор од играта. На саемот ќе биде поставена и посетителите ќе можат да се обидат да ја решат загатката која е скриена низ разноразните реквизити поставени во собата. Самата поставка е направена како уметничко дело, со големо посветување внимание на најмалите детали.

Секако ќе може да се проба и самата видео игра, која ќе излезе покасно годинава на PC и конзоли.

Доколку сакате да пробате БЕСПЛАТНО демо од играта, може да го симнете од интернет на следниов линк:
https://store.steampowered.com/app/1682400/The_Strange_Story_Of_Brian_Fisher_Chapter_2/

Дополнителни информации на фејсбук страницата на KAMAi MEDIA, каде има информации за секој проект посебно:
https://www.facebook.com/KAMAiMEDIA/

И на настанот на фејсбук:
https://www.facebook.com/events/1063125075141238/?ref=newsfeed

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK