Валтер Мацари, го наследи Руди Гарсија на клупата на Наполи. По 10 години Мацари се врати во градот под Везув. Тој прифати да потпише договор до крајот на сезоната, понуда која претходно ја одби првиот кандидат за тренер Игор Тудор.
Откако беше назначен на функцијата, француските медиуми обкавија дека Мацари сепак ќе иде само преодно решение. Ќе го предводи тимот до завршувањето на сезоната, а потоа на „Диего Арманод Марадона“ стадионот ќе пристигне 45. годишниот Тудор.
„Лекип“ пишува дека Тудор со првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, веќе договорил две годишна соработка.
Според овој извор, до крајот на сезоната, Тудор треба детално да го следи тимот за да дознае како најдобро ќе се подготви за следната сезона, но и кои позиции би сакал да ги засили, односно на кои играчи е им се заблагодари.
Тудор отстана без работа по завршувањето на минатата сезона кога го напушти Олимпик Марсеј. Работата во Наполи би била круна на неговата досегашна тренерска кариера во која ги водеше и Хајдук, ПАОК, Удинезе, Карабукспор, Верона и Галатасарај.