Германски генерал: Обучивме околу осум илјади украински војници

Германски-генерал-Обучивме-околу-осум-илјади-украински-војници.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германските вооружени сили досега обучиле околу осум илјади украински војници, објавија вчера.



„Очекувам дека до крајот на годината ќе обучиме околу десет илјади војници, во околу 200 модули за обука“, изјави генерал-полковник на Бундесверот Андреас Марлоу, командант на мултинационалната единица за обука.

Таа се наоѓа во Штраусберг во близина на Берлин и управува со мисијата за обука ЕУМАМ на Европската Унија, започната пред една година.

ЕУМАМ обезбедува основна обука и низа специјализации, како што се оние за болничари, снајперисти и оператори со тенкови.

Марлоу рече дека со текот на војната се менува и акцентот на обуката, од одбранбени во офанзивни операции.

Тој нагласи дека самиот Бундесвер напредува во оваа обука, наведувајќи го големото искуство на Украинците во војување со беспилотни летала.

Генерал-полковникот рече дека Украинците минуваат низ шестнеделна основна обука, а потоа шест недели специјализација, пренесува дпа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK