Каја Калас е заинтересирана да ја преземе челната позиција во НАТО

Каја-Калас-е-заинтересирана-да-ја-преземе-челната-позиција-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Естонската премиерка Каја Калас вчера изјави дека е заинтересирана да ја преземе челната позиција во НАТО, бидејќи сојузот од времето на Студената војна продолжува да и помага на Украина во војната против Русија и да развива заеднички стратегии против Кина и другите закани кои се појавуваат.



Говорејќи на Самитот за одбрана, организиран од Политико, Калас рече дека би сакала да биде меѓу кандидатите за наследник на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Нејзината посета на Вашингтон доаѓа во време кога во Европа постои зголемена загриженост, особено меѓу лидерите на балтичките и источноевропските земји, дека поддршката на САД за воените напори на Украина станува сè понесигурна.

Калас рече дека верува оти Украина на крајот ќе може да ја одбие руската инвазија, и покрај зголемената загриженост од двете страни на Атлантикот дека Украина и Русија се приближуваат до ќор-сокак на бојното поле.

Таа ги отфрли тврдењата дека конфликтот е во ќор-сокак, велејќи дека таквите анализи на ситуацијата на бојното поле им служат на руските интереси.

„Тоа оди во нивна полза, да не паднеме во таа замка“, рече Калас и нагласи дека помошта на Америка е клучна за одбраната на Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK