Морничаво видео на Хамас: Киднапирана жена војник зборува пред камера, во следниот кадар е мртва

Морничаво-видео-на-Хамас-Киднапирана-жена-војник-зборува-пред-камера.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелската армија ја потврди смртта на жена-војник киднапирана од Хамас и држена во Газа по масовниот напад на групата врз Израел на 7 октомври.



Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека го информирале семејството на 19-годишната Ноа Марчијано за нејзината смрт, пишува „Би-Би-Си“.

Марчијано се појави на видео кое вчера го објави Хамас. ИДФ објавувањето на контроверзната снимка го нарече „психолошки тероризам“. Марсијано го кажува своето име, имињата на нејзините родители и нејзиниот роден град на видеото, кое наводно било направено четири дена откако била киднапирана. На видеото потоа се гледа нејзиното мртво тело.

Вооружени членови на Хамас зеле околу 240 заложници и убиле 1.200 луѓе за време на минатомесечниот напад. Марчијано беше на набљудувачка станица во Кибуц Нахал Оз кога вооружени напаѓачи упаднаа на блиската граница меѓу Израел и Газа, нападнаа десетици израелски заедници, неколку воени бази и стотици млади луѓе кои присуствуваа на музички фестивал.

Повеќе од еден месец не се знаеше точно каде е Марчијано и дали воопшто е жива. Военото крило на Хамас тврди дека таа била убиена во израелски воздушен напад на 9 ноември.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK