Утре ќе преовладува облачно и посвежо време, а почнувајќи од северните и северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на денот ќе се прошират насекаде.
Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат и над 20 литри на метар квадратен, јавува УХМР.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток.
Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.
Во Скопје утре времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, повремено пообилни.
Од петок попладне ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со засилен јужен ветер.