Уапсени двајца од Радовиш, полицијата пронашла марихуана

Уапсени-двајца-од-Радовиш-полицијата-пронашла-марихуана.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера вечер во 22.00 часот во Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода 26-годишните С.С. и С.В., двајцата од Радовиш, извести МВР.



– При преглед на патничкото возило „алфа ромео“ со радовишки регистерски ознаки, управувано од С.С., во кое сопатник бил С.В., била пронајдена марихуана, а марихуана била пронајдена и при преглед на С.С, соопшти МВР.

Во службениот разговор во Полициската станица Радовиш С.С. признал дека поседува марихуана и во неговиот дом, по што ја предал на полициските службеници.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK