Џанмарко Поцеко е новиот тренер на Асвел. Она што вчера беше означено како завршена работа, денеска е официјализирано.
Ова е прв ангажман за италијанскиот стручњак во Евролигата.
Претходно ги водеше Орландина, Варезе, Фортитудо од Болоња, Динамо Сасари, а работеше како асистент во Цедевита и Олимпија од Милано.
И покрај ангажманот во Асвел, Поцеко ќе остане селектор на италијанската репрезентација.
Асвел во првите четири кола во Евролигата забележа исто толку порази, а Поцеко ќе дебитира на клупата на мечот против Виртус на домашен терен в петок.