И ова пукање е изолиран инцидент за Ист гејт, трговскиот продолжи со работа

И-ова-пукање-е-изолиран-инцидент-за-Ист-гејт-трговскиот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како изолиран инцидент, Трговскиот центар „Ист гејт мол“ го опишува денешното пукање во кое повредени беа две лица, а  купувачите панично ја напуштија зградата.


Од тука информираа дека по инцидентот и по обезбедување на сите потребни безбедносни мерки, „Ист гејт мол“ продолжува со нормална работа по обезбедени мерки за тековна оператива.

„Се работи за изолиран инцидент, лоциран на подземните нивоа во трговскиот центар. Надлежните служби вршат увид во моментов на местото на настанот, но трговскиот центар продолжува со утврдениот нормален режим на работа до 22 часот. Трговскиот центар е обезбеден со соодветно физичко обезбедување и технички системи за безбедност и мониторинг наменети за обезбедување на сигурноста и безбедноста на посетителите“, велат од „Ист гејт мол“, преку соопштение.

Пукање во трговскиот центар имаше и пред два месеца.

„Ист гејт“ и тогаш уверуваше дека трговскиот е безбеден и дека се работи за изолиран инцидент, кој не е поврзан со општата безбедност на посетителите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK