Тешко повреден е полски параглајдерист кој вчера попладне удрил во карпа во Прилепско.
„Во близина на манастирот „Траскавец“ во прилепско, при удар во карпа се повредил параглајдерист Р.Г.Т.(44) од Р.Полска, на кого од лекар од Итна медицинска помош Прилеп му биле констатирани тешки телесни повреди, по што е пренесен во болницата „Систина“- Скопје за понатамошно лекување“, објави МВР во дневниот билтен.