Вториот IQOS бутик отворен во новиот Diamond Mall

IQOS butik Diamond Mall
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вториот и, воедно најголем, IQOS бутик во Македонија е отворен во рамките на новиот трговскиот центар Diamond Mall. Со отворање на новата концептуална продавница, чие работно време е секој ден од 10 до 22 часот, се проширува мрежата на достапност и поддршка за сите возрасни пушачи кои сакаат да се информираат за подобрите алтернативи на цигарите и да се префрлат на категоријата производи базирани на технологија за загревање, наместо согорување на тутунот.

Во рамките на IQOS бутикот, покрај што може да ги купат уредите, сите полнолетни пушачи кои инаку би продолжиле да пушат, можат да се запознаат и да дознаат повеќе за нив, нивното користење и напредната технологија, a за постоечките корисниците се достапни и услугите како чистење на уредите, купување аксесоари, замена на стар уред за нов, корисничка поддршка и друго.


Оваа ексклузивна продавница, како и првиот IQOS бутик кој минатиот месец беше отворен на приземјето во трговскиот центар East Gate Mall, се уредени во соработка со двајца наши врвни уметници, Сања Симоска и Сали Ертунч, кои создадоа оригинални мурали, со интересен приказ на знаменитостите на градот Скопје, што оригинално го разубавија просторот, му дадоа автентичен локален „зачин“ и визуелно го збогатија.

Во развојот на иновативната технологија без чад, компанијата Филип Морис Интернешнал вложинад 10 милијарди долари во текот на десет години истражувачка работа и посветеност на повеќе од 1500 врвни научници и експерти. Уредите се достапни во 80 земји во светот, а повеќе за технологијата без чад можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK