Израелската армија продолжува да ги зголемува своите сили пред очекуваната копнена офанзива во Газа.
Дописникот на Би-Би-Си Џонатан Бил беше во Кибуц Кфар Аз – местото на масакрот на 7 октомври од страна на Хамас – со израелскиот министер Нир Баркат.
„Ќе го избришеме Хамас од лицето на земјата“, рече министерот.
Жулиет Тума од палестинската агенција за бегалци на ОН, УНРВА, вели дека Газа „стана пеколна дупка“ во последните недели. Во изјава за Би-Би-Си, таа повика да се укине опсадата на Газа, бидејќи на цивилите им е итна потреба од хуманитарни материјали.