Времето за цивилите во Газа истекува, соопшти агенцијата на ОН

Времето-за-цивилите-во-Газа-истекува-соопшти-агенцијата-на-ОН.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жулиет Тума од палестинската агенција за бегалци на ОН, УНРВА, вели дека Газа „стана пеколна дупка“ во последните недели.


Во изјава за Би-би-си, таа повика да се укине опсадата на Газа, бидејќи на цивилите им е итна потреба од хуманитарни материјали.

„Времето истекува. Поминаа речиси две недели. Две многу долги недели, УНРВА не можеше да внесе залихи во Газа“, рече таа.

Тума додаде дека „часовникот отчукува“ и дека не знае кога ќе се отвори граничниот премин Рафах.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK