Алек Болдвин се соочува со ново судење, обвинителите повторно го тужат за пукањето

Алек-Болдвин-се-соочува-со-ново-судење-обвинителите-повторно-го.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обвинителите на Ново Мексико во вторникот наутро соопштија дека имаат намера повторно да поднесат тужба против актерот Алек Болдвин за ненамерно убиство на камерманката Халина Хачинс во 2021 година за време на снимањето на нискобуџетниот вестерн Rust.


Обвинителите следниот месец ќе го претстават случајот против Болдвин пред големата порота, објави „Ен-би-си њуз“, повикувајќи се на извори запознаени со случајот.

Од обвинителството соопштија дека во следните два месецa ќе бидат презентирани докази пред големата порота. Од таму велат дека низа дополнителни факти излегле на виделина по завршувањето на претходното судење во април.

„Случајот на Болдвин ќе биде изведен пред големата порота во средината на ноември,“ изјави специјалната обвинителка Кери Морисеј.

„На виделина излегоа причини поради кои сметаме дека Болдвин е одговорен за смртта на Халина Хачинс и за ранувањето на Џоел Соуза. Сметаме дека е соодветно да се дозволи големата порота во Ново Мексико да одлучи дали на Болдвин треба да му се суди,“ навела обвинителката.

Овој потег уследи по резултатите од независниот форензички тест кој покажа дека Болдвин морал да го повлече чкрапалото на револверот со кој вежбал за да испука куршум кој ја усмрти Хачинс.

Болдвин, копродуцент на филмот, впери пиштол во Хачинс за време на проба непосредно пред снимање на нов кадар за филмот. Пиштолот истрела, убивајќи ја неа и повредувајќи го режисерот Џоел Соуза.

Болдвин тврдеше дека не е одговорен за смртта на Хачинс и дека не го повлекол чкрапалото. Обвинителите го отфрлија обвинението против актерот во април, откако се појавија докази дека пиштолот што тој го користел бил модифициран, што овозможува да пука без повлекување на чкрапалото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK