Том Круз ѝ најде нова работа на својата филмска екипа – снимаат музички спот за Рик Естли

Том-Круз-ѝ-најде-нова-работа-на-својата-филмска-екипа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Том Круз обезбедил нов ангажман на својот тим од „Невозможна мисија“, кој моментно е без работа поради штрајкот на холивудските актери.

Круз е продуцент на музичко видео за Рик Естли, поп-ѕвездата од 80-тите, а екипата од култниот серијал е ангажирана во продукцијата.

Ѕвездата на „Топ-ган: Маверик“ (61), наводно, го издејствувал ангажманот на своите редовни соработници бидејќи не сакал тие да губат пари среде штрајкови кои го доведоа Холивуд до застој. Поради штрајкот, кој сè уште е во тек, Круз го прекина снимањето на најновиот од серијалот „Невозможна мисија: Одмазда втор дел“.

Извор од филмската индустрија изјави за „Сан“ дека Круз побарал услуга од својот колега од „Невозможна мисија“, Сајмон Пег (53), кој го режира спотот за песната на Рик Forever and More.

Инсајдерот додаде: „Том работеше со голем дел од екипата на многу филмови, па сака да биде лојален и да помага во тешки времиња.“

„По разговорите со Сајмон и издавачката куќа на Рики Естли, ги натера сите да работат на видеото.“

„Рик е воодушевен поради тоа бидејќи имаат високи стандарди и можат да произведат нешто извонредно.“

Весникот „Сан“ дознава дека видеото било снимено во понеделникот на тајна локација во Британија.

Филмските шефови имале за цел да го објават Mission Impossible: Dead Reckoning Part Second („Невозможна мисија: Одмазда втор дел“)  во лето 2024 година, но снимањето беше прекинато поради штрајкот на холивудските актери и писатели.

„Сан“ објави дека поголемиот дел од филмот е снимен пред штрајкот, но најголемата акциона секвенца допрва треба да се сними.

Експертите велат дека иако спорот меѓу писателите и студијата беше решен во септември, штрајкот на актерите може да потрае до крајот на годината, откако нивните преговори пропаднаа на 11 октомври.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK