Турција е во преговори со палестинската милитантна група Хамас за ослободување на странци, цивили и деца кои таа група ги држи како заложници, изјави денеска министерот за надворешни работи Хакан Фидан.
Ројтерс објави дека извор од Министерството за надворешни работи рекол дека Фидан се сретнал со лидерот на Хамас Исмаил Ханије во понеделникот за да разговараат за ова прашање.