Вчера попладне во 17.47 часот во СВР Битола било пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот П.К. од Битола и патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Н.У. од Битола, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.У.(57) од Битола, сопатник во возилото „мерцедес“, а со телесни повреди се здобиле возачот П.К. и сопатникот во неговото возило, С.К.(21) од с.Велгошти, охридско, соопшти МВР.
Увид извршила екипа на СВР Битола.