Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди јужен Иран, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, се наведува во соопштението на ГФЗ, пренесува Ројтерс.
Засега нема извештаи за материјална штета или потенцијални жртви.