Саит Саити генерален секретар на Црвен Крст информира дека ќе се формира петгодишна стратегија за развој на Црвениот крст и најави следни чекори во вид на реформи и реорганизација на националното друштво.
„Четири области се таргетираат во документ кој е поврзан со реорганизацја на инфраструктурата односно организационата поставеност на Црвениот крст. Следиот чекор е поврзан со трансформација куртуролошка, ќе има и трансформација поврзана со дигитализацијата и се продолжува со последниот сегмент, а е поврзан со реорганизација на програмите на Црвен крст. Оваа е обид наш да се предвиди нашиот изглед за реорганизација после 5 години. Се работи за амбиција и ќе промовираме нова понуда кон институциите во вид на стекнување на нови партнерства и еден обид наш да дадеме придонес во подобрувањето на условите на живеење“, посочи Саити.
Како што дополни ќе се понудат нови услуги, ќе има зголемување на видливоста и приближување кон населението и целните групи кои очекуваат од Црвениот крст помош и поддршка.