(Видео) Хамас го објави условот за ослободување на затворените Израелци, ја објави првата снимка од заложниците

Видео-Хамас-го-објави-условот-за-ослободување-на-затворените-Израелци.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хамас го објави првото видео од заложниците што ги зеде. На снимката се гледа млада жена за која Хамас тврди дека е заложничка во Газа, јавуваат израелските медиуми.


Лицето е идентификувано како 21-годишна девојка која беше киднапирана од музичкиот фестивал „Супернова“ на 7 октомври.

„Ве молам извлечете ме одовде што е можно поскоро“, вели девојката во видеото.

Хамас ги објави и условите за ослободување на повеќе од стотина заложници што ги зедоа. Бара ослободување на 6.000 мажи и жени затворени во израелските затвори. Калед Мешал, шеф на канцеларијата за дијаспора на Хамас, го поднесе ова барање.

Меѓу заробениците на групата, рече тој, се и високи офицери на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK