Резервите на гориво во сите болници низ Појасот Газа се проценува дека ќе траат уште околу 24 часа, ставајќи во опасност илјадници пациенти, соопшти во понеделникот Канцеларијата за хуманитарна помош на Обединетите нации (OCHA).
Властите во Газа објавија дека досега во израелските одмазднички напади се убиени најмалку 2.670 луѓе, од кои четвртина се деца, а речиси 10.000 се ранети. Уште 1.000 луѓе се водат како исчезнати и се верува дека се под урнатините.
Претставници на американската влада велат дека се мобилизираат за да помогнат во олеснувањето на хуманитарната криза во Газа, очекувајќи брутална копнена офанзива.
Претседателот Џо Бајден го повика Израел да ги следи законите на војната во својот одговор на нападите на Хамас, велејќи во објавата на социјалните мрежи во неделата дека „огромното мнозинство Палестинци немаат никаква врска со ужасните напади на Хамас и страдаат поради нив“.
Вашингтон, исто така, е фокусиран на избегнување на прелевања на конфликти, особено со судирите со Либан кои ескалираат на границата со Израел.