Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека украинските војници одбиваат напади во источниот град Авдијевка, каде што оваа недела се интензивираа борбите против руските сили.
„Авдијевка. Се држиме. Украинската храброст и единство ќе одредат како ќе заврши оваа војна“, напиша Зеленски на Телеграм, пренесува Ројтерс.
Украинските власти претходно објавија дека руските сили започнале офанзива на Авдијевка.
Според американските медиуми, украинската армија одбила тенковски напади оваа недела во еден од најжестоките напади во последните неколку месеци.