Бајден: Му кажав на Нетанјаху дека Израел мора да го почитува законот за војна во одговорот на Хамас

Бајден-Му-кажав-на-Нетанјаху-дека-Израел-мора-да-го.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден го предупреди Иран да „биди внимателен“ и му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека САД испраќаат воена помош во борбата на Израел против Хамас.


Обраќајќи им се на група водачи на еврејската заедница во САД, Бајден за прв пат го поврза распоредувањето на американската флота во источниот Медитеран во близина на Израел со стравувањата дека Иран може да се обиде да се меша.

„Ја преместивме американската носачка флота во источниот Медитеран и испраќаме повеќе борбени авиони во таа област и испративме јасна порака до Иранците: Бидете внимателни“, рече американскиот претседател.

Американските власти велат дека не биле во можност да воспостават директна врска меѓу нападите на Хамас врз Израел и вмешаност од Иран, но бараат таква бидејќи Техеран го поддржува Хамас. Бајден и неговиот тим се обидуваат да ги ослободат можните американски заложници кои ги држи Хамас.

Најмалку 22 американски државјани се меѓу загинатите во нападот на исламистичката организација врз Израел од Појасот Газа, потврди Стејт департментот, а најмалку 17 Американци се водат како исчезнати.

Белата куќа соопшти дека потврдениот број на Американци убиени или земени како заложници може да се зголеми.

Бајден на средбата, како што јави Франс прес, рече и дека бара од Израел да го почитува законот за војна во одговорот на нападот на Хамас.

„Едно нешто што му кажав на израелскиот премиер е дека е многу важно Израел, со сиот гнев и фрустрација, да дејствува во согласност со воените права“, рече Бајден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK