На Меѓународниот балкански универзитет свечено одбележан почетокот на новата академска година

IBU Ceremony1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сунар: МБУ е лидер во трансформативни промени, дигитална револуција и подем на интердисциплинарни студии во Македонија

Меѓународниот балкански универзитет со пригодна свеченост го одбележа стартот на новата академска година и отворањето на Стоматолошко едукативниот здравствен центар ИБУ Дент на која присуствуваа претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, амбасадорот на Република Туркије во Македонија, Хасан Мехмет Секизќок, заменик министерот за образование и наука, Агим Нухиу и проф. д-р. Лутфи Сунар, претставник од МБУ.


Денеска не го означуваме само почетокот на уште една академска годинаго славиме продолжувањето на наследството на извонредност, различност и единство што нашата институција го одржува со години. Нашиот универзитет го продолжува својот развој и ја гради иднината со својот академски кадар составен од речиси 200 квалификувани професори и 4000 студенти на 7 факултети, 1 стручно училиште и 23 катедри. Во последниве години, сведоци сме на невиден развој на високото образование ширум светот. Дигиталната револуција, подемот на интердисциплинарни студии и акцентот на глобалната соработка го преобликуваа пејзажот на академијата. 

Среде овие трансформативни промени, Меѓународниот балкански универзитет не само што одржуваше чекор, туку често беше во првите редови на овој процес. Нашата посветеност да ја прифатиме технологијата во училницата, да поттикнуваме меѓународни партнерства и да промовираме истражување што ги надминува границите е доказ за нашиот напреден пристап. Како што започнуваме уште една академска година, да го продолжиме духот на единството, иновативноста и извонредноста. Да продолжиме да ги поддржуваме вредностите на почит, интегритет и извонредност што нѐ дефинираат. Да продолжиме да работиме напорно и да правиме разлика во светот“, изјави претставникот на МБУ, проф. д-р. Лутфи Сунар кој им посака добредојде на студентите во академската 2023-2024 година.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање го поздрави континуираниот раст и развој, постојаното зголемување на бројот на факултети, истражувачки центри и студиски програми што МБУ им ги нуди на своите студенти, особено истакнувајќи ја како значајна инвестицијата отворање на најголемиот Стоматолошко едукативен здравствен центар во рамките на Меѓународниот балкански универзитет, не само во Македонија туку и во регионот.

    „Во таа насока, за нивото и релевантноста на универзитетот, во рамките на нашиот образовен систем, придонесува и ангажманот на респектибилниот број на ангажиран наставно-научен кадар од различни профили. Според мене, посебна додадена вредност на оваа институција е што наставата се одвива на повеќе јазици, затоа што сум длабоко убеден дека еден мултиетнички и мултикултурен амбиент подобро ги подготвува студентите за светот кој е глобализиран, особено во научно-истражувачкиот сегмент, порача претседателот Пендаровски.

 Тој на студентите им порача да не ги разбираат испитите и студирањето само како обврска која треба што побрзо и полесно да ја завршат, туку да се трудат да се стекнат со што повеќе знаења за утре да бидат конкурентни не само на домашниот пазар на трудот, туку било каде во Европа и светот. Професорите пак посветено треба да работат не само на пренесување на знаењето на младите луѓе, но и да понудат вредности и морална вертикала која ќе биде стожер на нивниот личен и професионален интегритет.

Амбасадорот на Република Туркије, Хасан Мехмет Секизќок истакна дека образованието секогаш мора да биде врвен приоритет.

Квалитетно образование за нашите деца секогаш е на прво место. Јасно е дека земјите кои инвестираат во образованието се земји кои се истакнуваат во нивниот економски раст и прават значајна разлика. Образованието треба да биде клучен дел од нашата развојна стратегија. Во ера на ИТ економии, основен капитал е моќта на човечкиот ум, односно добро образованите луѓе. Живееме во свет на интензивни промени, свет во кој глобалната конкуренција станува се позасилена со секој изминат ден. Во овој процес низ кој поминуваме, слично како и многу други земји, и Северна Македонија чувствува потреба од квалитетен човечки капитал. Основите на Меѓународниот балкански универзитет лежат во овој визионерски пристап кој ги има овие глобални трендови и потреби како почетна точка“, истакна Амбасадорот Мехмет Секизќок.

На почетокот на новата академска година, на студентите им се обрати и Заменик министерот за образование и наука, Агим Нухиу.

Во име на Министерството за образование и наука, ви посакуваме плоден почеток на новата академска 2023/2024 година и ви благодариме за напорната работане само во вашата задача како универзитет, туку и за соработката и грижата што ја покажувате кон државните институци кои исто така ја делат заедничката основа во областа на високото образование. Меѓународниот балкански универзитет како институција е посебен затоа што целосно ја почитува академската слобода, иновативните пристапи и методи и критичкото размислување во процесот на настава и истражување. Универзитетот веќе со години развива современи и конкурентни наставни програми и планови, нагласувајќи ја академската соработка и со национални и меѓународни организации и институции. Нашата заедничка работа дава конкретни резултати, каде што МБУ е центар на извонредност и во должноста за градење идни професионалци, но и во својата должност за развој на општеството“, посочи Нухиу во своето обраќање.

Нивото и квалитетот на образовниот процес што ги нуди Универзитетот се зголемува со програмите и договорите за студентска мобилност, односно можност за размена преку договори што МБУ ги има со над 160 универзитети во 40-тина земји од Европа и светот, преку европската мрежа за студентска мобилност Еразмус+.  Досега, на МБУ дипломирале над 900 студенти, а потврда за квалитетот на образовниот процес и посветеноста на студентите е и фактот што дури 90% од нив се вработени и веќе градат успешна кариера во домашни и странски компании. Годинава Меѓународниот балкански универзитет брои нови 1000 студенти од земјава и регионот.

Универзитетот на идните академски граѓани им нуди вкупно 41 различни програми, вклучувајќи 23 додипломски, 14 постдипломски и 2 докторски програми, на 7 факултети, со оптимално комбинирана практична и теоретска, современа наставна програма, целосно на англиски јазик, која се одвива во современ универзитетски кампус, со модерна опрема и сите потребни наставни помагала за ефикасно и ефективно учење.

Како општествено одговорна високообразовна институција, МБУ секоја година обезбедува голем број стипендии за најдобрите средношколци кои сакаат да го продолжат своето образование на овој реномиран универзитет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK