Кевин Принс Боатенг беше гостин во подкастот на Рио Фердинанд. Одличниот играч од редот за врска, дел од својата кариера мина во еден од најславните светски клубови, Барселона.
Зборувајќи за времето поминато во Барса, тој откри еден интересен податок.
„Се сеќавам дека кога пристигнав во Барселона, веднаш ме прашаа кој е најдобриот играч на светот. Морав да излажам, реков. Тоа беше една од најголемите лаги во мојот живот“, призна Боатенг.
„Инаку, јас секогаш ја кажувам вистината, морав да лажам, бидејќи тоа беше единствениот начин да го облечам дресот на Барса. Го сакам Кристијано Роналдо. Но, ми рекоа дека морам да го кажам тоа, инаку нема да играм“.