Холандскиот фудбалер Џереми Фримпонг го продолжи договорот со Баер Леверкузен, потврдија од германскиот тим.
Фримпонг го продолжи договорот со Баер до 2028 година.
„Во моментов тој е еден од најдобрите играчи во Бундеслигата на позицијата десен бек. Продолжувањето на неговиот договор нагласува колку тој е важен за нас“, изјави спортскиот директор на Баер, Симон Ролфес.
„Доживеав големи работи во Баер. Постојано се подобруваме како тим. Забавно да се биде дел од овој тим“, изјави Фримпонг.
Тој во Баер пристигна во 2021 година од шкотскиот Селтик, а за германскиот тим одигра 75 натпревари и постигна 10 голови.