Дваесет и едно лице загина, меѓу кои две деца, а 15 се повредени, од кои пет потешко, кога автобус со туристи падна од надвозник во близина на Венеција, во северна Италија.
❌ #Marghera (VE), bus precipitato da cavalcavia: 15 persone soccorse dai 60 #vigilidelfuoco al lavoro, conclusa l’ispezione all’interno del mezzo. Verifica in corso per escludere presenza di persone sotto il pullman [#3ottobre 22:00] pic.twitter.com/LyCjmScE5j
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) October 3, 2023
Автобусот излетал од патот и паднал во близина на железничка пруга во областа Местре, која е поврзана со Венеција со мост. Причината за несреќата се уште не е утврдена.
Италијанските медиуми јавуваат дека автобусот паднал од височина од триесет метри пред да се запали. Официјални лица рекоа дека возилото паднало на далноводи и се запалило околу 19:45 часот.
Утрово, пишуваат италијанските медиуми, автобусот е веќе отстранет од местото на несреќата.