Основачот на групацијата Вагнер, Евгениј Пригожин, во тестамент му го оставил целиот свој имот на својот 25-годишен син Павел. Ова произлегува од наводниот тестамент на Вагнер кој загина на 23 август, кој кружи по каналите на Телеграм, пишува Тајмс.
Пригожин на својот син му оставил околу 116 милиони евра, на кои покрај акциите би се додала и резиденција во областа Лахта во Санкт Петербург.
Во тестаментот пишува дека 25-годишникот мора да им „обезбеди достоинствена егзистенција“ на вдовицата Пригожин, нејзините ќерки и мајката Виолета, кои исто така ќе имаат право на 10 отсто од наследството.
Ако Павел умре, го одбие наследството или се соочи со други околности, наследството ќе се подели подеднакво меѓу вдовицата, ќерката и внуците на Пригожин.