Фицо: Словачка има поголеми проблеми од Украина

Фицо-Словачка-има-поголеми-проблеми-од-Украина.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Словачката Социјалдемократска партија (СМЕР-СД) нема да поддржи понатамошна воена помош за Украина, изјави нејзиниот лидер Роберт Фицо за новинарите.


Неговата партија го презеде водството на парламентарните избори одржани за време на викендот и сега е подготвена да започне разговори за формирање влада.

„Словачка и народот на Словачка имаат поголеми проблеми од Украина“, рече тој на прес-конференција по објавувањето на изборните резултати. СМЕР-СД освои околу 23 отсто од гласовите, додека нејзиниот најблизок конкурент, Прогресивна Словачка (ПС), околу 18 отсто.

На прашањето за ставот на неговата партија за помошта за Киев, Фицо рече дека ако неговата партија успешно формира влада, сепак ќе биде подготвена да помогне, но само на хуманитарен начин.

„Ние сме подготвени да помогнеме во обновата на земјата, но вие го знаете нашето мислење за вооружување на Украина“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK