Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побара од амбасадорите на земјите од квинтата, КФОР да преземе грижа за сите безбедносни прашања на северот на Косово „наместо полицијата на Курти“.
„Во еден од најтешките моменти за Србија имав важен разговор со претставниците на квинтата. Ги повторив ставовите на Србија за последните настани на Косово и побарав КФОР да се грижи за сите безбедносни прашања на северот на Косово наместо полицијата на Курти“, напиша Вучиќ на инстаграм профилот.
View this post on Instagram
Тој додаде дека прашал и зошто на ЕУЛЕКС била одбиена од косовската полиција да присуствува на самата операција, која била спроведена на територијата на северот на Косово.
Потсетуваме, Вучиќ денеска се сретна со амбасадорите на земјите од квинтата – Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Србија.
На средбата присуствуваше и директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ.
Средбата се одржа по повод вооружениот конфликт на Косово, во кој загинаа најмалку четири лица – тројца Срби и еден косовски полицаец.