Првата реакција на Маск по изборите: Изгледа дека моите вселенски ласери за местење избори овој пат не проработеа


14328062.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По победите на демократите на изборите за Претставничкиот дом и Сенатот, се огласи милијардерот Илон Маск – најбогатиот човек во светот и еден од најголемите финансиски поддржувачи на републиканските кандидати.


„Дата центри во вселената изгледаат прилично привлечно во моментов“, напиша Маск на социјалната мрежа Икс.

„Изгледа дека моите ласери во вселената за местење избори овој пат не проработеа“, додаде тој.

За време на изборната кампања, Маск потроши стотици милиони долари за поддршка на републиканските кандидати за Конгресот. Неговата најзначајна инвестиција беше во трката во Тексас, каде што републиканецот Кен Пакстон – кој ја имаше и поддршката од претседателот Доналд Трамп – загуби од демократскиот кандидат Џејмс Таларико.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK