(Видео) Снег на северот на Европа: издадено портокалово предупредување

Видео-Снег-на-северот-на-Европа-издадено-портокалово-предупредување.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На северот на Шведска се чини дека зимската сезона веќе започна сериозно, а метеоролошката служба издаде портокалово предупредување за снег и ветер во комбинација со снежни врнежи во делови од внатрешноста на северниот дел на Норботен, јавуваат локалните медиуми.


Во некои градови наврна многу снег, а во Кируна во Лапонија измерени се и до 40 сантиметри снег, што е невообичаено во овој дел од годината, во последните 118 години.

Локалниот сообраќај е привремено во прекин, како и училишните автобуси во центарот на Кируна и Јукасјарви.

Во јужните делови на Шведска, пак, снегот е сеуште далеку, па до крајот на оваа недела во Скане се очекуваат температури до 25 степени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK