Есента ја препознаваме по свежите утра, омилените џемпери и желбата за топол појадок пред да излеземе од дома. Но ова е и период кога почесто размислуваме како подобро да се грижиме за себе и за своето здравје.
Добрата вест е дека за тоа не ни треба целосно да го промениме секојдневието. Понекогаш е доволно да внесеме повеќе разновидност во појадокот, да одбереме практична ужина и да најдеме време за шолја топол чај. Еве три вкусни идеи од Виталиа што лесно можат да станат дел од вашиот ден.
- Освежете го појадокот со брусница
Ако вашиот појадок веќе некое време изгледа исто, пробајте мал додаток што ќе го освежи: брусница. Нејзината слатко-киселкава нота одлично се комбинира со јогурт, житни снегулки и јаткасти плодови, а убаво се вклопуваат и во домашни колачи.
Брусницата има што да понуди и покрај својот препознатлив вкус. Богата е со растителни влакна, кои придонесуваат за редовно дигестија. Содржи и полифеноли, природни растителни соединенија со антиоксидативни својства, познати по способноста да ги неутрализираат слободните радикали што можат да ги оштетат клетките. Полифенолите придонесуваат и за нејзината карактеристична трпкавост, додека органските киселини ѝ го даваат киселкастиот вкус.
Брусницата на Виталиа сега доаѓа во ново, модернизирано и практично пакување. Подготвена е за консумирање, па можете да ја додадете во појадокот или да ја понесете со себе како дел од ужината.
- Пробајте нешто ново за појадок
Кога утрото почнува со брзање, појадокот лесно останува за подоцна. Затоа е добро да имате при рака нешто што едноставно се подготвува и што навистина ви е вкусно.
Новата протеинска овесна каша со јагода и јогурт од Виталиа обезбедува 15g протеини по порција и е без додаден шеќер. Со овошниот вкус на јагода и нежната нота на јогурт, таа е вкусен предлог за сите што сакаат да внесат повеќе протеини и малку свежина во утринското мени. Лесно ќе ја препознаете по розевото пакување.
Одвојте неколку минути, подгответе ја за само 2 минути и уживајте во појадокот пред да ве понесат дневните обврски.
А за деновите кога сте постојано во движење, протеинскиот бар со вкус на ф’стак е практична ужина што можете да ја понесете на работа, на прошетка или по тренинг.
- Одвојте неколку минути за топол напиток
Има нешто особено пријатно во шолја топол чај кога надвор е студено. Мирисот, топлината и кратката пауза се доволни обичниот момент да стане омилен дел од денот.
Подгответе си чај од брусница Виталиа, уживајте во неговата арома и искористете ја паузата за мала навика посветена на здравјето.
Во чајот можете да додадете и Бронховит, природен сируп за поддршка на имунитетот и респираторниот систем. Неговата формула ги спојува јачменовиот слад со екстракти и етерични масла од нане, мајчина душица, бозел, камилица, шипка и липа. Така, омилениот есенски напиток добива и билна нота, а грижата за организмот станува дел од вашата секојдневна рутина.
Грижата за себе започнува со навиките што можеме да ги негуваме секој ден. Појадок во кој уживаме, разновидна исхрана и време за мал одмор се добар почеток. Оваа есен, побарајте инспирација меѓу производите на Виталиа и пронајдете ги вкусовите што ќе станат дел од вашата рутина.