65-годишна жена паднала кога се симнувала од автобус во Скопје.
Имено, вчера во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Втора Македонска Бригада“, при симнување од автобус, патничката А.Ј.(65) од с.Добрино паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.