Фудбалската репрезентација на Македонија го забележа и четвртиот пораз, во Групата 1, во Б дивизијата во Лигата на нации. Трагично е што и во овој натпревар Македонија не постигна гол, серијата без гол сега изнесува осум натпревари. Швајцарија, во Луцерн, вечерва ја победи Македонија со 3:0 (1:0).
Македонија уште еднаш делуваше анемично на теренот, уште еднаш не упати удар во рамките на голот, а вкупно три пати шутираа играчите на Седлоски кон швајцарскиот гол.
Трагедијата да биде поголема, Швајцарците, одо седумте големи шанси реализираа три, сите по грешките на македонските репрезентативци.
Ридер го казни киксот на Муслиу во 43-та минута, Мазамби погоди во 74-та по катастрофалната интервенција на Димитриевски, а во 81-та грешка направи и Гаштаров која ја казни Ндој.
🚨🌍 | GOAL: DAN NDOYE MAKES IT THREE FOR SWITZERLAND!
WHAT A DEFENSIVE MISTAKE BY MACEDONIA!
🇨🇭 Switzerland 3-0 North Macedonia 🇲🇰 pic.twitter.com/ilUyfZH79Q
— TheGoalsZone (@TheGoalsZone) October 6, 2026
По дуелот со Швајцарија јасно е дека Македонија се враќа во Ц дивизијата.
Инаку, во втроиот меч во групата, Словенија ја изненади Шкотска. Словенците славеа во Глазгов со 2:1.
Откако Шкотска повведе со голот на Кристи, пресвртот го направи Матко и Штурм.
На табелата Швајцарија има 12 бодови и го потврди враќањето во А дивизијата, Словенија има седум, Шкотска четири, а Македонија е без освоен бод.
Foto/ EPA