(Видео) Протести во Индија, приведен лидерот на опозицијата


epa-indija-protest-14342080.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Индиската полиција денеска го прекина протестот на опозицијата во Њу Делхи и накратко го приведе лидерот на Конгресната партија, Рахул Ганди, заедно со повеќе опозициски пратеници.


Демонстрантите бараат оставка од главниот изборен комесар Ѓанеш Кумар поради тврдења дека избирачките списоци биле менувани во корист на владата на премиерот Нарендра Моди. Опозицијата се повикува и на извештаи за несогласувања во Изборната комисија околу ревизијата на списоците. Изборната комисија и владејачката Бхаратија Џаната партија ги отфрлаат обвинувањата.

Десетици пратеници предводени од Ганди марширале кон седиштето на Изборната комисија, по што започнале протест кој полицијата подоцна го растурила.

Меѓу приведените била и сестрата на Ганди, Пријанка Ганди Вадра. Полицијата соопшти дека приведувањата биле извршени поради јавната безбедност, а сите подоцна биле пуштени.

„Само сакаме да отидеме кај изборните комесари, да им поставиме неколку прашања и да им кажеме дека ги украле гласовите“, изјави Ганди.

Протестите се дел од поширока мобилизација на опозициските партии, студентските групи и младинското движење „Cockroach“, кои со денови бараат оставка од Кумар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK