Најмалку 2.000 мртви и 10.000 исчезнати во Либија, бидејќи „катастрофалните“ поплави урнаа брани и ги однесоа домовите.
„Бројот на загинати е огромен, а околу 10.000 се водат за исчезнати“, рече Тамер Рамадан, шеф на делегацијата на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC) во Либија, на брифинг за новинарите во Женева во вторникот. Дури 6.000 луѓе исчезнаа само во источниот град Дерна“, изјави Осман Абдулџалил, министер за здравство во владата на истокот на Либија, поддржана од парламентот, за либиската телевизија Алмасар.
Абдуџалил ја обиколи Дерна во понеделникот, опишувајќи делови од неа како „град на духови“.
„Ситуацијата беше катастрофална… Телата сè уште лежат на многу места“, изјави Абдулџалил за либиската телевизија Алмасар.
„Семејствата се уште се заглавени во своите домови и има жртви под урнатините… Очекувам дека луѓето се однесени во морето, а многу од нив ќе ги најдеме утре (вторник) наутро“, рече тој.