(Видео) Се снимал за социјалните мрежи, преминал на спротивната лента и удрил во семејство: мајка и две деца тешко повредени во Италија

Видео-Се-снимал-за-социјалните-мрежи-преминал-на-спротивната-лента.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мајка и две деца од Италија се повредени кога на нивното возило налетало „ауди“, чиј возач се снимал за социјалните мрежи.


Возачот удрил директно во „нисан“ во кој имало мајка со две деца 10 и 6 години. Шестгодишното девојче со хеликоптер е пренесено во болница во тешка состојба, но нејзиниот живот не е во опасност, јавува „Раи њуз“.

Судирот се случил на пат кон Алатрија во Италија.

На вознемирувачко видео кое кружи на интернет, може да се види како возач во „ауди“, кој наводно снимал видео за социјалните мрежи во еден момент, преминува на спротивната лента и директно удира во возилото кое доаѓа од спротивната насока.

Карабинерите се уште го истражуваат судирот, но од првите реконструкции се чини дека човекот кој го управувал аудито ќе треба да одговара за „обид за убиство од возилото“.

Според медиумите, возачот снимал за Фејсбук кога се случила несреќата.

Пожарникарите морале да интервенираат за да го извлечат семејството од возилото.

Мајката и синот се пренесени во болницата во Алатри, не се тешко повредени, додека возачот поминал само со гребаници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK