Голема акција за апсење во Белград: Оштетен буџетот за повеќе од 120 милиони динари, „паднаа“ неколку инспектори

Голема-акција-за-апсење-во-Белград-Оштетен-буџетот-за-повеќе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Осум лица од Даночната управа, ограноците Вождовац и Земун во Белград, се уапсени во акција за злоупотреба на службената положба, пишува српски Телеграф.


Меѓу уапсените е и началникот на одделението за даночна контрола во Земун.

Според неофицијални информации, тие го оштетиле буџетот за повеќе од 120 милиони динари, а правеле записници со невистинита содржина за да го вратат ДДВ-то.

Завршени се истражните дејствија кои траеле со месеци, а пред неколку дена, обезбедени се доволно докази и основи за да се изведат корумпирани државни службеници кои со валкано работење и разни комбинации нанеле штета на буџетот кој се мери во милиони евра и малверзации, објавуваат српските медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK