„Активисти на Црвена Младина денеска по повод двегодишнината од пожарот на модуларната болница во Тетово пред Основното Јавно Обвинителство ја исценираа монструозната изјава на несудениот нобеловец Зоран Заев по пожарот во модуларната болница: „Што треба, сите да се посипеме со пепел или со бензин и да се запалиме“?, притоа поставувајќи 14 празни столици во сеќавање на 14-те загинати лица во трагедијата.
Потсетуваме дека целата „истрага“ за пожарот во кој животот го загубија 14 лица на надлежните институции заврши со обвинување на продолжениот кабел и условни казни за докторите и глоби од 4 000 денари, додека вистинските виновници уживаат во милиони крвави евра.
П.С При изведувањето на оваа акција, полицијата не држеше повеќе од еден час што говори дека побрзо ќе ги апсат тие што бараат правда отколку вистинските виновници!“.
Соопштение на Левица