(Видео) Мицкоски го осуди нападот врз девојката во Охрид: Сторителот мора да биде изведен пред лицето на правдата


mickoski-od-brisel-screenshot-2026-11-16-164051.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски го осуди нападот врз млада девојка во Охрид и порача дека институциите ќе сторат сè за сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.


Во обраќање од Брисел, каде што престојува на состаноци, Мицкоски рече дека првично планирал да зборува за разговорите што ги водел во Белгија, но дека веста за претепувањето на девојката ја потресе државата.

„За жал, до мене стигна ужасната вест којашто ги потресе охриѓани, но и генерално граѓаните на Македонија, за инцидентот и претепувањето на младата девојка. Ја користам оваа прилика да изразам жалење и жестоко да го осудам дивјаштвото коешто се случува“, изјави Мицкоски.

Тој изрази поддршка за семејството на нападнатата девојка и вети дека ќе бидат преземени сите напори за сторителот да одговара.

„Како човек, како родител, како татко, како брат и сопруг, сакам да изразам поддршка до семејството на девојката и да ветам дека сè ќе сториме како институција и јас како претседател на Владата, лицето коешто го сторило овој ужасен напад да биде изведено пред лицето на правдата“, порача премиерот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK