Ердоган најави средба за договорот за жито со Гутереш во Њујорк

zito_pcenica_4355435
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека ќе разговара за обновувањето на договорот за жито со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш за време на Генералното собрание на Светската организација во септември.

Ердоган рече дека е во близок контакт со Обединетите нации во врска со заживувањето на иницијативата за извоз на украинско жито преку Црното Море, пренесува Ројтерс.


Турскиот претседател во понеделникот, по разговорите со неговиот руски колега Владимир Путин во Сочи, рече дека последниот предлог на ОН содржи обиди да се исполнат некои од руските услови за враќање на договорот за жито.

Путин по тој состанок рече дека Русија ќе се врати на договорот за жито штом ќе се исполнат ветувањата дадени со неа. Барањата на Русија вклучуваат враќање на земјоделската банка во земјата во платниот систем SWIFT и осигурување на бродовите вклучени во иницијативата за жито.

Минатата недела Гутереш објави дека има решение и дека испратил писмо до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во кое презентира конкретни предлози за обновување на договорот за жито.

Договорот за жито истече на 18 јули, а Русија ги извести Турција, Украина и Обединетите нации дека се противи на неговото продолжување, бидејќи неговите услови не се исполнети.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK