Со „тојота“ прегазен малолетник во Скопје, констатирани му се тешки повреди

Со-„тојота-прегазен-малолетник-во-Скопје-констатирани-му-се-тешки.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера попладне околу 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улицата „Васко Карангелевски“ и сервисна улица, патничко моторно возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот С.Ѓ. од Демир Капија, удрило во малолетен пешак од Скопје, извести МВР.


– По несреќата малолетникот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK