(Видео) Трамп за неуспешната егзекуција во Тенеси: Не би требало да биде толку тешко


depositphotos_785548124_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази чудење по неуспешната егзекуција на Криста Пајк во Тенеси, која преживеа и по две дози од смртоносната инјекција.


Запрашан дали ќе бара промени во примената на смртната казна, Трамп рече дека за тоа треба да одговорат властите во Тенеси.

„Тоа беше егзекуција во која лекот не делуваше како што треба. Како може да се случи тоа?“, рече Трамп, обраќајќи му се на конгресменот Рони Џексон, поранешен лекар во Белата куќа.

Џексон одговори дека постапката треба да биде лесна, по што Трамп додаде: „Не би требало да биде особено тешко“.

Адвокатите на Пајк соопштија дека таа е во критична состојба и е хоспитализирана. Гувернерот на Тенеси, Бил Ли, по инцидентот ги суспендираше сите егзекуции до крајот на годинава и нареди истрага.

Пајк беше осудена на смрт за убиството на 19-годишната Колин Слемер во 1995 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK